Предлог-буџетот в година ќе тежи 5,3 милијарди евра

Bez autora
Nov 03 2022

Владата на денешната седница го усвои предлог буџетот за 2023 година, предложен од Министерството за финансии.

Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари.

Премиерот Димитар Ковачевски информира дека предлог-буџетот се води според златното правило – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит.

„Во 2023 година планираме рекордно ниво на капитални инвестиции од 795 милиони евра или 52,3 отсто повеќе во однос на годинава, кои ќе бидат основа за забрзување на растот понатаму. В година се очекува да се задржат позитивните стапки на економски раст од 2,9 отсто, а на среден рок растот ќе забрза и од 2023/2027 година во просек ќе изнесува 4,6 проценти. Стапките на раст од 2025 година ќе забрзаат на посакуваните 5 проценти“, вели Ковачевски.

Тој дополни дека Владата останува посветена на фискалната консолидација, мерење на успешноста на политиките, раст на инвестициите, унапредување на фискалната децентрализација и постојано унапредување на фискалната транспарентност

На седницата е усвоен и предлог-законот за извршување на буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik